Оние кои се често загрижени за својата безбедност на интернет, сигурно веќе добро знаат што е VPN – скратеница за Virtual Private Network, што во превод значи приватна виртуелна мрежа. Кога некој користи VPN, неговиот компјутер прво директно се поврзува со неколку различни компјутери ширум планетата, и така ја залажува трагата на оригиналниот компјутер и неговата локација. На овој начин се постигнува висока безбедност при пребарувањето, а со многу мал ризик од следење на корисничкото однесување.

VPN апликациите во последно време се се подобри и подобри, што веројатно е една од причините поради која и Pornhub на 24. мај лансираше сопствен VPN сервис со бесплатен и неограничен проток. Благодарение на овој сервис, корисниците покрај сигурноста ќе добијат и можност да ги заобиколат географските ограничувања, и ќе можат да уживаат и во содржините кои не се предвидени за земјата во која живеат или само моментно престојуваат. Покрај тоа, сервисот овозможува и анонимно пренесување на податоци, а без чување на корисничките уреди.

За да почнат да го користат сервисот, корисниците најпрвин мораат на своите уреди да ја преземат VPNHUB апликацијата и така да добијат дополнителна заштите од „љубопитните очи”, а посебно кога е во прашање пребарувањето во рамките на јавните WiFi мрежи. Сервисот е достапн за Mac, Windows, Android и iOS, а нема да се најде во земјите со кои не тргуваат Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги Мјанмар, Куба, Иран, Северна Кореја, Судан и Сирија.