Поминаа 8 години од започнувањето со работа на водечката компанија за е-трговија која ја промени оваа индустрија во Македонија. Преку понудата на атрактивните попусти Grouper успеа да привлече илјадици граѓани да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар. Минатата година тимот на Grouper ja заврши со добиваање на наградата Најдобар сајт во Македонија за 2018, а новата година ја започнаа со нивната голема Златната роденденска кампања.
Традиционално, веќе четврта година по ред, Grouper.mk го прославува својот роденден со специјални, неодоливи Златни Зделки. Од тимот велат дека имаат и дефиниција за што е Златна Зделка – тоа се најпосакуваните и најпродавани зделки кои се нудат во соработка со 10 до 15 одбрани брендови, таканаречени Златни компании, а кои секој би посакал да ги купи и сподели. Сите златни зделки се специјални и се со ограничено времетраење и количини.
Златните Зделки официјално стартуваа минатата недела и веќе се продадени 4000 купони. Помеѓу златните зделки ќе ги најдете брендовите за обувки Adam’s Shoes и Arthur’s со попусти до 70% на целиот асортиман, најпознатиот салон за разубавување Silhouette; добро познатата ќебапчилница со долгогодишна традиција Тетекс; попусти на спортска опрема од познати светски брендови во Megasport; најдобрите зимски понуди од неколку одбрани Златни Хотели во Македонија, а од денес стартува промоцијатa на прекрасни парчиња накит од Oxette. Од Grouper најавуваат дека следуваат нови роденденски зделки во текот на оваа недела и месец февруари, каде покрај другите брендови набрзо очекувајте ги промоциите на AMC, Scout, Макпримат, Jysk.
Дополнително, како дел од роденденската кампања, тие најавуваат и голема роденденска Златна наградна игра поддржана од Mastercard, која ќе започне на почетокот од месец февруари. Како што и самото име кажува, сите среќни купувачи ќе имаат можност да бидат потенцијални добитници на “Златни нaгради” на кои никој нема да остане рамнодушен.