Британскиот производител на пловни транспортни објекти Sunseeker International ги здружил силите со уште еден познат островски бренд, Rolls-Royce, за заеднички да развијат јахта која користи хибридна технологија, со можност за безшумна пловидба во режим во кој во голема мера се користи електрична енергија.
Презентацијата се одржала на манифестацијата Boot Düsseldorf, како еден од најважните саеми во светот, кога станува збор за светот на наутиката и спортови на вода.
Производителот на луксузни јахти, погонскиот систем кој ќе произлезе од соработка со овој познат автомобилски бренд, ќе го користи во новата генерација на своите пловила. Всушност и двете компании претставија хибриден погон оваа недела, кој комбинира дизел со електрични мотори.
Оваа технологија ќе овозможи производство на јахти со еднаква или повисока моќност од оние што се нудат од конкуренцијата, но со достапен тивок режим на управување без штетни емисии.
Електрифицираниот погонски систем MTU користи два дизел мотори од серијата 2000, кои имаат двојна функција: од една страна, тие вршат дополна на пакетот батерии, а од друга страна се користат и како погон за пловидба, во ситуации кога е активен хибридниот режим на пловидба.
Секој од двата мотори, во конфигурација од 12 цилиндри, испорачува 1.947 КС (1.432 kW), или збирно околу 4.000 „коњи“. По желба на капетанот на јахтата, во секое време може од функција да бидат исклучени и двата дизел мотори, а истовремено да се користи само моќта на електричниот мотор, со цел продолжување на пловидбата. Од Rolls-Royce најавуваат дека јахата на пазарот ќе се појави во 2020 година и ќе биде можно да се порача со различни нивоа на моќност на моторите со внатрешно согорување.
Извор: Додај Гас