Дан Аридор, претседател на одборот на компанијата Accelerated Evolution Biotechnologies Ltd. (AEBi), основана во 2000 година во Израел, изјави дека за една година неговата компанија ќе понуди лек за рак без нуспојави.

Лекот е наречен MuTaTo (multi-target toxin), а истражувачите рекоа дека во суштина се работи за антибиотик против рак. Овој антибиотик користи комбинација од пептиди за секоја клетка на ракот, како и силен отров што ќе ги убие сите канцерогени клетки во организмот.

„Нашиот лек за рак ќе биде делотворен од првиот ден, ќе се користи неколку недели и нема да има никакви, дури ни минимални, нуспојави. Ќе се продава по значително пониска цена од повеќето други терапии достапни на пазарот“, изјави Аридор.
Jerusalem post објави дека лекот за рак се темели на т.н. SoAP технологија. Моментално се во подготовка лабораториски експерименти на глувци, а според најавите на научниците, MuTaTo би требало да стане персонализиран третман против рак.

Со други зборови, со биопсија ќе се зема дел од ткивото на секој пациент и според тоа ќе биде креирана терапијата.