Кон крајот на јануари, Светската организација за интелектуална сопственост и одобри патент на компанијата Samsung за изработка на паметна маица, чија намена ќе биде откривање на здравствените потешкотии кај луѓето.
Паметната маица на себе би требало да има сензори кои во секој момент би ја следеле здравствената состојба на лицето.
Сензорите воглавно се наменети за контрола на градниот кош и белите дробови и би мереле астма, респираторни функции, бронхитис и други белодробни болести.
Маицата би била поврзана со мобилниот уред преку одреден софтвер, кој по дијагностиката би понудил и одредени активности, кои е потребно да се преземат за решавање на проблемите на респираторниот систем.
Засега не е познато дали Samsung навистина ќе се сврти кон развојот и изработката на овој патент, но сигурно е дека ќе им го олесни животот на лицата со белодробни заболувања.