Корисниците на WhatsApp, кои не ја активирале опцијата за бекап на системот, и покрај тоа ќе можат да ги читаат избришаните пораки – и тоа со едноставна реинсталација на апликацијата.

Кога WhatsApp повторно се инсталира, пораките означени за бришење ќе се вратат. Тие пораки, всушност, никогаш не ни исчезнале од телефонот, туку само биле скриени позади називот „пораката е избришана”.

По повторната инсталација, пораките ја губат ознаката „изришано”, па повеќе не остануваат скриени од корисникот.

Враќањето на избришаните пораки со реинсталација на апликацијата е многу полесно и посигурно, во однос на случајот од 2017. година, кога е откриено дека избришаните пораки завршувале во историјата на работата на самио телефон.

Причината за внимание е тоа што апликациите кои имаат пристап до историјата на работа на телефонот можат да содржат потенцијално опасни вируси, како и да ја загрозат приватноста на корисниците.