Карактеристична градба која има пет кули кои се инспирирани од водите на фјордот Вејле и околните ридови, кои се единствените глетки во данската, инаку прилична рамна сценографија.
„Брановите” кои доминираат во Вејле можат да се видат од воз, од улица или од реката во деветтиот по големина град во Данска кој е сместен на југоистокот на полуостровот Јутланд. Архитектонското чудо инспирирано од фјордот Вејле со текот на годините стана еден од препознатливите симболи на градот, но и Данска.
Во текот на денот белите бранови на станбената зграда се рефлектираат во водата, а кога ќе падне мрак, градбата изгледа на планина осветлена во различни бои. Зградата има 140 атрактивни апартмани со поглед кон фјордот, а проектот го потпишува компанијата Хенинг Ларсен Архитект. Пред девет години Здружението на европски архитекти им врачи награда за најдобар станбен објект. Многу стручни магазини ја споредија оваа градба со познатата опера во Сиднеј.
“Постои само едно место на светот каде може да стои оваа зграда, а тоа е на пристаништето на Вејле”, рекол архитектот Сорен Олгард од компанијата.
Првите две кули, од кои во секоја има по 20 станови, се завршени во 2008 година, додека преостанатите три се обновени во 2015 и дури сега се завршуваат. Вејле е омилен помеѓу туристити поради зелените површини, но и бројните специјализирани продавници и места за шопинг.
Извор: Pun Kufer