Тим астрофизичари од Универзитетот Колумбија откри илјадници црни дупки групирани во соѕвездието Стрелец (SGR А) околу супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Овие наоди потврдуваат децении нагаѓање дека баш таму има црни дупки и отвораат можност за подобро разбирање на универзумот.

“Сè што некогаш сте сакале да научите околу тоа како помалите црни дупки се поврзуваат со поголемите, можете да го научите од нашата студија”, вели Чак Хејли, авторот на студијата и астрофизичар од Универзитетот Колумбија. “Млечниот Пат е единствената галаксија што ја имаме и во која можеме да истражуваме како супермасивни црни дупки реагираат на помалите, бидејќи немаме шанса да го видиме тоа во друга галаксија. Оваа е единствената лабораторија во светот која го истражува таквиот феномен”.

Инаку, повеќе од две децении истражувачи неуспешно се обидуваат да ја докажат теоријата дека илјадници црни дупки обиколуваат масивна црна дупка која се наоѓа во центарот на нашата галаксија.

“Знаеме само за педесет црни дупки низ целата галаксијата, кои се оддалечени 100.000 светлосни години, а има околу 10 до 20.000, и тоа само на шест светлосни години од нас, но никој досега не успеал да ги најде”.

Професорот Чак објасни дека соѕвездието Стрелец е опкружено со ореол од гас и прашина, и обезбедува совршена основа за раѓањето масивни ѕвезди, кои живеат, умираат и се претвораат во црни дупки.

Студијата е објавена во списанието „Nature”.

Извор: Точка