Кинези развиваат апарат кој ќе може да врши превод првенствено од кинески на англиски јазик, но и на 32 други јазици од светот.

Кинеската компанија FlyTech најавува соработка со Кинеската меѓународна издавачка куќа со цел изработка на национална преведувачка платформа базирана на технологии за вештачка интелигенција.

„Апаратот ќе може да преведува од кинески на 33 јазици. Нашите технолгии за препознавање говор, преведување преку апарат и синтеза на говор се водечки во светот“ истакнуваат од компанијата.

Уредите за преведување можат значително да ја олеснат работата на преведувачите, кои едвај успеваат да ја задоволат огромната побарувачка во владините оддели, како и потребите на партиските функционери на сите нивоа и на домашните компании кои работат во странство.

За идната преведувачка платформа ќе биде отворена посебна база на податоци за да се подобри прецизноста на преведување преку апарат.

Постои и опција за соработка меѓу апаратите и вистински преведувачи на полето на издаваштвото и меѓународни конференции.

Кога апаратот нема да може да препознае некои термини, преведувачите, кои ќе го надгледуваат целиот процес, ќе можат да помогнат при лекторирањето.

Извор: Klix.ba