Апликацијата на Microsoft, Skype доби надградба, која додава неколку нови потенцијално корисни можности. Најважната новост е имплементацијата на можностите за примање и испраќање на SMS пораки, ако корисникот има поставен Skype број и ID на повикувачот (засега е достапна само во САД).
Корисниците сега имаат можност за делење на фајлови преку OneDrive cloud сервисот на Microsoft за складирање на податоци. Во склоп на прозорчето за разговори сега самата апликација на корисникот ќе му сугерира други корисници кои можеби ги познава.
Додадени се и гестови, кои на корисниците им овозможуваат побрзо да стартуваат комуникаација со други корисници, побрзо да ги погледнат последните разговори или да го променат својот статус. Корисниците можат да изберат дали фотографиите автоматски ќе ги преземаат преку Wi-Fi или мобилна врска или воопшто нема да се преземаат.