Се појавија нови детали за претстојната верзија на Android оперативниот систем, врс основа на APK на софтверот. Android Q ќе го носи бројот Android 10, како што Android P и O беа 9 и 8.
Android Q ќе донесе подобрена поддршка за препознавање наа лицето, а најверојатно ќе имплементира инфрацрвена камера, дот проектор и друго. Менито за подесување на препознавањето на лицето ќе биде сличен на она за сензорот за отпечатоци од прсти и ќе биде одвоено од актуелното мени.
Новата верзија на Android ќе има и поддршка за изворно снимање на екранот, а ова е нешто за што досега се користеа екстерни апликации. Тука е и новата Emergency опција во менито за вклучување, покрај скриншот, рестарт и power off опциите.
Новата функција ќе биде Sensor Privacy, која ќе овозможи да се исклучат сите сензори, но засега не е позната целта на оваа функција. На крајот, Android Q ќе добие Wi-Fi WPA3 и 5G поддршка.
Google се подготвува да го објави Android Q во текот на својата I/O конференција на почетокот на мај, со dark mode за комплетниот систем и споменатите нови функции. Пред тоа, сигурно можеме да ги очекуваме и првите бета build-ови на платформата.