Извршниот директор на Apple, Тим Кук навести дека компанијата ќе ги намали цените на iPhone моделите на некои места, за да се подобри продажбата на овие уреди.
Приходите од продажбата на iPhone го сочинуваат поголем дел од вкупниот профит на компанијата, а во компанијата паднаа за 15 проценти. Вкупниот приход на Apple е помал за 5 проценти во однос на минатата година и изнесува блиску до 84,3 милијарди долари. Овој пад беше очекуван, откако технолошкиот гигант претходно овој месец ги предупреди акционерите дека приходот ќе изнесува близу 84 милијарди долари.
Компанијата дел од овие проблеми ги припишува на забавувањето на кинеската економија, но Кук изјави дека купувачите имаат проблем и со високите цени на уредите. Додаде дека поради силниот долар уредите се поскапи и дека тоа негативно влијаело на продажбата на пазарите во развој.
Кук додаде дека Apple ги менува цените на iPhone, за да ги заштити корисниците од влијанието на флукуацијата на валутите.
Apple предвиде приход за три месеци, до 31. март помеѓу 55 и 59 милијарди долари, што значи пад од најмалку 3,4 отсто во однос на минатата година.
Во проблеми не е само Apple, бидејќи глобалните испораки на смартфоните се намалени за 5 процени.
Cook je dodao da Apple mijenja cijene smartphonea kako bi zaštitio korisnike od utjecaja fluktuacije valuta.