Името Redmi X прв пат беше поврзан со уред за кој се испостави дека е Redmi Note 7, меѓутоа вистинскиот модел ќе пристигне на 15. февруари. Ова е откриено преку тизер постер, иако е потребно да се истакне дека информацијата не доаѓа од официјалниот профил на Xiaomi.
Споменатиот постер укажува на тоа дека Redmi X ќе биде прв Redmi модел со in-display сензор за отпечатоци од прсти.
Се очекува дека Redmi X ќе биде посилен од Note 7, а наместо Snapdragon 660, би можел да го користи чипсетот Snapdragon 710. Ова исто така би можел да биде и Redmi Note 7 Pro, за кој исто така се појавувуваа гласини, а чија објава се очекува во текот на февруари, со сугерирани спецификации како што се Snapdragon 675 чипсет, 48MP камера и др. Потврдата ќе ја имаме кога ќе ги дознаеме карактеристиките на Redmi X моделот.