Google наскоро би можел да има алтернатива за опцијата на ускладување на гласот, кога корисникот сака да го користи Assistant за добивање персонализирани резултати. Најновата бета за Google апликацијата на Android вклучува кодни референци за претходно споменуваната Match функција, која би можела да го скенира лицето за да ги усклади командите на уредите опремени со камера.

Иако нема детален опис на функцијата, корисниците ќе мораат да го истренираат системот, а можно е додавање на повеќе уреди. Профилот на корисничкото лице не би бил лимитиран само на еден гаџет, што некои компании го прават поради сигурност. Исто така, можно е поврзување на други корисници да креираат профили.

Засега нема информации за тоа кога Face Match би можел да биде објавен, а недостатокот на фотографии и друг материјал сугерира дека тоа нема да се случи во скоро време.