Со паметните телефони, кои стануваат се поспособни со секоја нова верзија, има се помалку причини за поседување фотоапарат. Ова го изјави претседателот на Canon, Fujio Mitarai, кој во интервју за Nikkei имаше прилично мразен поглед на пазарот на дигитални фотоапарати.
Според Mitarai, пазарот на дигитални фотоапарати би можел да се намали за околу 50 проценти во следните две години. Не е познато колку е загубено во преводот на неговото интервју, но Mitarai верува во ваквиот развој на ситуацијата. Тој исто така верува дека камерите ќе почнат да доживуваат зголемување на употребата во другите области, како што се надзорот и медицинска нега.
Ова е интересна перспектива на компанијата, која дури неодамна го лансираше својот нов full-frame mirrorless фотоапарат, EOS R. Постојат дури и гласини декаа компанијата има 100MP mirrorless модел, кој би можел да биде претставен следниот месец.
Изјавата на претседателот на Canon не значи дека дигиталците целосно ќе исчезнат, но можно е дека наскоро поголем број од корисниците кои ќе ги купуваат, ќе го прават тоа во професионални цели или како дел од хоби.