Приказната на Nintendo уреди со 3D технологија се чинеше дека заврши со 2DS уредот, но патентот на оваа компанија претставен во јануари, секој телевизор преку Switch би го претворил во 3D дисплеј.
Уредот за патенти на САД на 24. јануари го објави патентот на Nintendo “Eye Tracking Enabled 3D Viewing”, за кој во септември 2018. година, Nintendo аплицираше со цел на корисниците да им овозможи 3D уживање покрај ТВ екраните.
Во патентот детално се опишува на кој начин се би функционирало, односно, како ТВ екранот би добил спецификации на 3D технологијата. Наместо специјални 3D очила или екрани, Nintendo преку камерата, која би била поставена на телевизорот и очилата со мини маркер, кои би ги следеле движењата на очите, би им овозможил на корисниците 3D искуство на играње.
На тој начин, со овој патент, секој играч би можел да има 3D искуство на избегнување судири, проектили или би можел со својот играч да го види противникот кој не му е во видно поле.
За Nintendo ова не е невозможна мисија, со оглед на тоа дека со верзијата 3DS би овозможил 3D играње без очила, но сепк постои страување дека ова сепак ќе остане само патент, бидејќи 3DS се уште нема свој ривал.