Mozilla се подготвува утре да го објави Firefox 65, кој се наоѓа во бета фаза уште од декември минатата година.
Стабилната верзија на Firefox 65 почна да се појавува неколку дена претходно, но новата верзија официјално ќе биде претставена утре и ќе биде достапна за корисниците на Windows, Mac и Linux.
Firefox 65 ќе ја додаде поддршката за WebP image форматот, кој е креиран од страна на Google и би требало да понуди подобра компресија на слики од форматите PNG и JPEG, со ист квалитет на сликите во податоци кои се за 25% до 34% помали. Тука е и поддршката за AV1 видео кодекот, со компресија која е двојно поефикасна од онаа на H.264.
Прелистувачот Google Chrome, кој е најголем ривал на Mozilla Firefox, веќе ги поддржува двата формати, додека Microsoft Edge го поддржува форматот WebP и има бета поддршка за AV1 преку екстензии за самиот прелистувач.
Помеѓу останатите измени во Firefox 65 е и опцијата Handoff on Mac, која овозможува продолжување на видеото на iPhone или iPad таму каде што корисникот застанал на неговиот Mac уред. Притоа, вклучена е и опција за поедноставено блокирање на содржината, сигурносни подобрувања за Linux, Android и Mac корисниците, и многу други.
Извор: B92.net
Поврзани артикли