Apple во текот на неделата ја почна продажбата на 4-инчниот паметен телефон iPhone SE, со попуст од 100 долари, пишува The Verge.
Телефонот е три години стар и направен е по примерот на iPhone 5S, но се уште, кога се работи за малите телефони е ненадминат. Apple почетната серија на овие смартфони ја распродаде минатиот викенд, а оваа седмица тргнаа со друг круг на продажба. Телефоните повторно брзо се распродадоа.
iPhone SE е практичен, посебно поради тоа што има приклучок заа слушалки, а секогаш може да се најде во џеб како резервен телефон. Моделите кои се на продажба имаат 32 GB простор за складирање.
Распродажбата на овој модел укажува на потребата за помали теелфони, но не нужно како резервни, туку како примарни.