Asus официјално го претстави ултраширокиот и закривен ROG Strix XG49VQ монитор од 49 инчи. Мониторот има однос на страници од 32:9, односно она што би го добиле кога би ставиле два 16:9 монитора еден покрај друг.
Со резолуција од 3840 х 1080p, мониторот има и закривеност од 1800R. Уредот го карактеризираат VESA DisplayHDR 400 и AMD FreeSync HDR функции. Мониторот има максимално освежување до 144 Hz, 178°/178° агли на гледање, благодарение на својот VA панел, 4 ms (GTG) одзив и 450 cd/m² максимално осветлување.
Кога се во прашање влезовите на дисплејот, мониторот вклучува DisplayPort 1.2a и два HDMI 2.0 порта. Присутни се и 5W стерео звучници и 2-порт USB 2.0 хаб. Asus не ја објави цената на ROG Strix XG49VQ мониторот.