Motorola случајно или намерно, преку својата официјална бразилска интернет страници ги објави сите карактеристики на идната Moto G7 серија паметни телефони (во меѓувреме информациите се отстранети).
Основниот Moto G7 модел би требало да има 6,24-инчен екран со мал засек (notch) во облик на буквата U и резолуција од 2270 х 1080 пиксели, Qualcomm Snapdragon 632 чип, 4 GB RAM, 64 GB интерна меморија проширлива со microSD картички, двојна задна камера (еден 12-мегапикселен сензор со отвор на блендата f/1.8 и еден 5-мегапикселен сензор со отвор на бленда f/2.2), 8-мегапикселна селфи камера, батерија од 3000 mAh (со TurboPower брзо полнење), USB Type-C приклучок и поддршка за Wi-Fi (802.11ac), Bluetooth 5.0 и 4G LTE мрежи.
Moto G7 Plus донесува Snapdragon 636 чип и двојна задна камера (16-мегапикселен сензор со отвор на блендата f/1.7 и 5-мегапикселен сензор со отвор на блендата f/2.2), додека останатите функции се идентични на Moto G7 моделот.
Moto G7 Play, пак, доаѓа со 5,7-инчен 720p дисплеј, 2 GB RAM, 32 GB интерна меморија проширлива со microSD картички и поддршка за Wi-Fi (802.11n) i Bluetooth 4.2.
Moto G7 Power има 6,2-инчен 720p екран, 3 GB RAM, 32 GB интерна меморија проширлива со microSD картички, 12-мегапикселна задна камера, батерија со капацитет од 5000 mAh и поддршка за Wi-Fi (802.11n) и Bluetooth 4.2.
Сите четири модели доаѓаат со оперативниот систем Android 9.0 Pie. Претставувањето на сите наведени уреди е закажано за 7. февруари.