Се појавија најнови фотографии од претстојните Galaxy S10 и S10+ смартфони. Но, овој пат не се работи за заматени фотографии со лош квалитет, туку станува збор за фотографии со висока резолуција. Финалните верзии на уредите можеби ќе имаат помали или никакви измени, но ова секако е ставка која е потребно да се има на ум. Од друга страна, софтверот би можел малку да се промени.
Кога е во прашање дизајнот, изработката и аспектот, се е во согласмност со она што досега го видовме и слушнавме за претстојните смартфони на Samsung. Приклучокот од 3,5 мм и натаму постои, покрај USB-C портот на дното на телефонот. Двата уреда имаат по три камери на задната страна, со тоа што S10+ моделот има две камери од предната страна, додека S10 има само една селфи камера.
Камерите се сместени во Infinity-O дисплеј, додека слушалката е поместена во рамката. Кога се работи за рамките околу дисплејот, изгледа дека Samsung се одлучи тие да бидат минимални на годинашните премиум телефони.
Повеќе фотографии од Galaxy S10 и S10+ погледнете на линкот на изворот.
Извор: PocketNow
Поврзани артикли