Популарната социјална мрежа Facebook неодамна на сите корисници во САД им понуди нова функција со која ќе може да се контактираат локалните службеници и да се организираат петиции, добротворни акции и така натаму.
Имено, Facebook ja воведе функцијата наречена „Community Actions“ (Акции на заедницата), која им овозможува на корисниците да контактираат со локалните службеници и да ги известат за нештата што мислат дека треба да бидат преземени.
Функцијата засега е достапна за корисниците на социјалната мрежа во САД. Тие ќе можат да создадат петиција, да означат јавен службеник и да ги повикаат пријателите да ги поддржат. Сите што ќе одлучат да ја поддржат петицијата можат да учествуваат во расправата со другите што ја поддржуваат страницата и да направат настани и хуманитарни акции.
По сè изгледа Facebook настојува да ги поврзи луѓето и да им помогне да бидат поактивни во носењето добри и позитивни одлуки за своите локални заедници. Иако оваа функција звучи како нешто што на овие простори би привлекло многу внимание, таа засега е ограничена само на територијата на САД и моментално нема планови за нејзино селење во нашата околина.