Првиот примерок од новата Toyota Supre е понуден на аукција на која достигнал исклучително висока цена.
Петтата генерација на Supra веќе не е тајна, а првиот примерок веќе е кај новиот сопственик кој го купил преку аукција организирана од Barrett-Jackson, за неверојатни 2,1 милион долари.
Освен што станува збор за првиот примерок од новата Supra, истата доаѓа со потпис на претседателот на Toyota, Акиа Тојода, кој својот автограм го ставил на капакот на моторот. Дополнително, новиот сопственик добил ВИП влезници за тркачка патека, како и тркачки костум. Примерокот решен во сива мат боја има број на шасија 20201, а има и неколку посебни карактеристики како што се детали на каросеријата во црвена боја и мат црни фелни.