Netflix вложува огромни напори во развојот на своето портфолио на авторски проекти. „Fyre: The Greatest Party That Never Happened“, „Black Mirror: Bandersnatch“ и „Tidying Up with Marie Kondo“ се само дел од мастодоните на платформата, кои, патем, вредат многу пари.
Минатата година, компанијата имаше буџет од 12 милијарди долари за проекти, а оваа година сумата е зголемена на фантастични 15 милијарди долари.
Пред само две години, буџетот на Netflix во 2017 година изнесуваше 8,9 милијарди долари. Некои продавачи предвидуваат дека истата ставка следната година ќе отиде и до 17,8 милијарди долари.
„Колку повеќе пари ќе ставите, толку повеќе луѓе ќе најдат нешто интересно за да го следат вашиот сервис“, вели Рид Хестингс, извршен директор на Netflix.
Меѓу најновите проекти кои треба да се појават веќе следниот месец на Netflix се и „The Umbrella Academy“, „Velvet Buzzsaw“ и „High Flying Bird“.
Поврзани артикли