Мрежата од новата генерација ќе ви овозможи да симнете филм од 2 часа за помалку од 10 секунди.

Новата 5G технологија, иако честопати е во средиштето на теориите на заговор и лажните вести за штетноста, во пракса носи големо подобрување на постојната технологија 4G/LTE.

Брзината е една од најголемите предности на мрежата 5G и се очекува да биде до 100 пати побрза од редовниот 4G.

Брзината на преземање(download speed), која се проценува на околу 10 MB/s кај мрежата 4G / LTE Advanced, за 5G мрежата е 100 MB/s.

Со овие брзини, 2-часовен филм може да се преземе за помалку од 10 секунди.

Повеќето 5G мрежи се изградени на супер-фрекфентни бранови. Повисоките фреквенции можат да пренесат многу повеќе податоци и тоа да го направат многу побрзо отколку 4G мрежата.

Новата мрежа треба да има значително поголем капацитет од 4G. Ова ќе значи подобар сигнал за мобилните телефони, но и поврзување на многу поголем број уреди на мрежата.

Уште една предност е скратената латентност, односно мрежното каснење. Тоа претставува времето што е потребно за уредите да комуницираат едни со други, или со серверот што им испраќа информации – времето што поминува помеѓу едно лице што испраќа порака на друго лице, и моментот кога телефонот на другото лице регистрира дека има нова порака. Иако се работи за милисекунди, тие ќе бидат скоро непостоечки во мрежата на 5G (1 милисекунда).

Сите овие елементи ќе бидат клучни за развојот на услугите, како што се автономно возење или извршување комплексни медицински процедури од далеку.

Извор: Danas.rs