Се чини дека цената за зачувувањето на серијата Friends во својот репертоар, ќе ја платат конзументите. До зголемување на цените допринесува и големиот број на серии кои Netflix ги снима. Компанијата објави дека зголемувањето на цените ќе се однесува на сите три пакети. Најефтиниот пакет кој изнесуваше 8 долари, ќе има нова цена од 9 долари. Вториот пакет кој чинеше 11 долари, сега ќе биде 13 долари, додека најскапиот пакет од 14 долари ќе скокне на 16 долари.
Зголемувањето на претплатите воопшто не е чуди, со оглед на фактот дека во 2018-та година Netflix има потрошено 8 милијарди долари на креаирањето на сопствените филмови и серии, а објави и дека има план да земе кредит од дополнителни 2 милијарди долари за нови проекти. Сепак компанијата е во негатива од 3 милијарди долари за во 2018-та година, а истото се очекува и за во 2019-та година.
Netflix е меѓу најпопуларните стриминг сервиси, има над 58 милиони претплатници во САД и над 137 милиони во светот.