Порталот TechCrunch пишува дека Dolby крие од јавноста iOS мобилна апликација под кодното име 234 (позната и како Dolby Live), која ја развива уште од јуни минатата година.
Се работи за апликација која на корисниците им овозможува снимање на музика со студиски квалитет преку нивните мобилни телефони. Dolby во оваа апликација уфрли сопствена технологија за отстранување на позадинскиот шум.
Основната верзија на апликацијата би требало да биде бесплатна, но со претплата корисниците ќе имаат на располагање ефекти како што се Amped, Bright, Lyric, Thump, Deep и Natural.
Покрај наведеното, корисникот ќе може контролира bass и treble, да го користи Dolby’s Dynamic EQ и да го подели своето дело на сопствениот сервис на Dolby, да го постави на Soundcloud и друго.
Корисниците можат да се регистрираат за тестен период на користење на апликацијата преку TestFlight платформата на Apple.