Samsung Galaxy S10 линијата ќе биде претставена на 20. февруари, но со месеци претходно почнаа да се појавуваат гласини и информации за новите телефони. Сега имаме најнови фотографии на трите смартфони, еден покрај друг, во заштитни куќишта.
Од левата на десната страна, можеме да го видиме Galaxy S10 Lite (кој се појавуваше и под името S10E), потоа Galaxy S10 и на крајот Galaxy S10+ моделот. Се очекува дека Lite/E верзијата ќе има само две камери, додека останатите два модела ќе имаат три камери. Сега се сугерира и дека најевтиниот S10 модел би можел да ја прескокне и имплементацијата на сензорот на работата на срцето, што го потврдуваат новите рендери, на кои јасно се гледа дека има две камери и LED блиц, за разлика од другите два модела.
Рендерите не откриваат премногу нови детали – тука е Bixby копчето на сите три телефони, отвор за 3,5-милиметарски аудио приклучој и големини кои одговараат на големините на дисплејот од 5,8, 6,1 и 6,4 инчи.
Поврзани артикли