Kia Motors Corporation и Hyundai Motor Company претставија систем за безжично полнење на електрични автомобили и целосно автоматизиран систем за паркирање (AVPS).
Преку наредба за полнење на возилото преку паметен телефон, возилото автоматски самостојно ќе се одвезе до слободно место за полнење. Кога батеријата на возилото целосно ќе се наполни, возилото самостојно ќе се префрли на празен паркинг простор користејќи го системот AVPS, што ќе овозможи полнење на други возила на тој полнач. Кога возачот ќе го повика своето возило, возилото исто така автоматски ќе се одвезе до локацијата на возачот.
Целиот процес бара постојана комуникација помеѓу електричното возило, паркингот, системот за полнење и возачот. Паркиралиштето испраќа локации за празни места за паркирање и полнење, додека системот за полнење го покажува статусот на наполнетост на возилото во реално време.
Целиот текст можете да го прочитате на Додај Гас