Неидентификуван летечки објект е забележан над кратерот на мексиканскиот вулкан Попокатепетл.
На снимката објавена од корисничката Кејт Мартин на YouTube, се гледа како кратка светлечка линија прелетува преку кратерот.
На ова место ваквите појави се доста чести, сведочат локални жители кои често и ги снимаат НЛО-ата.
Блогерот Скот Воринг ги потврдува наводите и смета дека се работи, најверојатно, за „посетители од Вселената кои се заинтересирани да го проучат големиот вулкан“.