Samsung на 20. февруари ќе го одржи Unpacked настанот, на кој се очекуваат барем три нови паметни телефони, меѓу кои ќе биде и Samsung Galaxy S10+ со четири камери на задната страна и две на предната, сместени во punc hole отворот на Infinity-O дисплејот.
Galaxy S10+ се појави на фотографија во живо, а потврдува две селфи камери, сместени во горниот десен агол, додека рамките делуваат уште потенко од оние кај Galaxy S9+ моделот.
Лицето кое ја објави фотографијата потврди дека се работи за Galaxy S10+ со flip coverom, со тоа што од екранот е отстранет водениот жиг со ID деталите на работникот во чии раце се наоѓа уредот, како и серискиот број на уредот. Телефонот се наоѓа во заштитно куќиште, кое се користи во претпродукција, за да се заштити дизајнот до последен момент.
Според наводите, смартфонот е полесен од Galaxy Note 9 моделот, иако двата се со иста големина. Отворот во врвот е речиси незабележителен, а под дисплејот се наоѓа сензор за отпечаток од прст. Сместуваањето на камерите во отворот е поинаков пристап од оној на Galaxy A8s моделот, а ова значи дека статусот на иконите ќе биде поместен налево.
Поврзани артикли