Google објави дека од 1. август, 2019. година престанува да прифаќа нови апликации и апдејти, кои немаат поддршка за 64-битните процесори. Корисниците и натаму ќе бидат во прилика да ги преземаат старите верзии на тие апликации. Игрите, креирани во Unity 5.6 или постар енџин нема да бидат опфатено со оваа одлука и натаму ќе бидат ажурирани.
Ќе постои можност оваа одлука да се заобиколи – апликациите кои имаат само 32-битна поддршка ќе можат да се апдејтуваат, но нема да се стартуваат на телефоните со Pie софтверот. Ова значи дека програмерите помалку ќе вложуваат во работа на вакви апликации.
Исто така, од 1. август 2021. година, Google Play планира да престане да нуди апликации без 64-битна поддршка. Ова ќе важи за новите телефони, додека старите 32-битни уреди и натаму ќе можат да преземаат апликации.
Wear OS и Android TV уредите нема да бидат под влијание на овие промени и ќе продолжат да поддржуваат 32-битни апликации.