Во дополнувањето и појаснувањето на правилата за авторите на содржини, YouTube експлицитено забрани поставување на снимки на потенцијално опасни “шеги” на својот сервис.

Интернет трендовите кои се вртат околу разновидните предизвици често стануваат вирални и ги испробуваат многу луѓе ширум светот, по што снимките ги објавуваат на YouTube. Често тоа знае да биде забавно и смешно, но некои примери покажаа дека непромисленото одговарање на интернет предизвиците може да биде и опасно. На пример, тинејџерите во САД голтаа капсули со детергент, пробуваа да се запалат, или во последно време, како во филмот Bird Box, пробуваа да одат или да возат со заврзани очи.

YpuTube сега се постави во улога на одговорен родител, па ги надополни своите правила на користење наменети за авторите на содржини. Во новите правила експлицитно забрани поставување на секоја виде содржина која поттикнува на насилство или било какви опасни активности кои можат да предизвикаат болка, физички повреди или смрт. Клаузулата за забраната за снимање на штетни и опасни дејства постоеше и претходно, но сега од YouTube појаснија дека таа се однесува и на опасните предизвици и активности, кои можат да го загрозат здравјето и животите на луѓето.

Таканаречените pranks и предизвици и натаму ќе бидат добредојдени на овој сервис, но дактот дека се забавни не смее да доведе до надминување на одредени безбедносни граници. Освен предизвици и задевања во кој некој може навистина да настрада, YouTube ќе ги забрани и оние во кои “жртвата” верува дека е во смртна опасност, како и сите содржини поради кои децата бу можеле да доживеат сериозен емотивен стрес.

YouTube оваа нова политика ќе почне да ја спроведува постапно во следните два месеца и ќе ги отстранува опасните содржини без предупредување до неговите автори.

https://youtu.be/41dUEWlH1Ks