За разлика од стандардната функција Stories, новиот пристап ќе овозможи делење на детали со членовите не семејството, пријателите и другите контакти.
Во најголемата социјална мрежа планираат да почнат да тестираат начин за делење на настани, за кои сте заинтересирани и договарање на средби со контактите од Facebook во реалниот живот, со користење на функцијата Stories.
Тестирањето ќе биде извршено во САД, Бразил и Мексико, на уредите кои ги користат оперативните системи Андроид и iOS.
За разлика од стандардната функција Stories, која во Facebook првобитно ја ископираа од Snapchat за да ја вметнат во Instagram, новиот пристап ќе овозможи делење на детали со членовите не семејството, пријателите и другите контакти.
Така ќе можете да видите кој се е заинтересиран, на пример, за некој претстоен концерт или некоја друга активност која сопствена страница на Facebook. Stories ќе доаѓа со стикери на кои ќе можете да чукнете за да видите повеќе детали, а пријателите ќе можат да означат дали се заинтересирани или ќе одат на настаните во рамките на таа функција.
Вграден е и линк на страницата на настанот, како и можност за стартување на групен разговор во Messenger со пријателите, кои назначител дека настанот им е интересен, пишува The Verge.