Како што се приближуваме до официјалното претставување на новиот Samsung Galaxy S10, се појавуваат се повеќе информации.
На Twitter, Max Weinbach објави дека Samsung Galaxy S10 Lite ќе има 4 GB рам меморија и 128 GB интерна меморија, додека стандардниот Samsung Galaxy S10 ќе поседува 6GB рам меморија и 128 или 256 GB интерна меморија.
Galaxy S10 Plus ќе има 6 или 8GB рам меморија и 128, 256 или 512 GB интерна меморија. Weinbach напомена дека 5G моделот на Galaxy S10 Plus ќе биде достапен со 8 и 12 GB рам меморија и 256, 512 и 1 терабајт интерна меморија.
Weinbach објави и информации за камерите и истакна дека сите три модели ќе имаат ултра широки леќи од 16 MB и визуелно поле од 123 степени, но без оптичка стабилизација. Наводно ќе има и стандардни камери од 12 мегапиксели.
Galaxy S10 Plus дополнително ќе има камера од 13 мегапиксели со оптичка стабилизација на фотографијата и визуелно поле од 45 степени. Со други зборови, S10 Lite и Galaxy S10 ќе имаат по две камери, додека Galaxy S10 Plus ќе има три камери.
Камерата на моделот S10 ќе има Bright Night и осветлување за портрет, а во пакувањето ќе има има и AKG слушалки. Сензорот за отисок на прстот ќе биде интегриран во екранот на моделите Galaxy S10 и S10 Plus, додека S10 Lite ќе има бочно позициониран сензор.
Моделот S10 Lite ќе биде напојуван од батерија од 3.100 mAh, S10 ќе добие батерија од 3.500, а S10 Plus батерија од 4.000 mAh. Ќе бидат достапни во црна, бела, сина и зелена боја, а S10 Lite ќе се појави и во жолта боја.
Samsung ќе ги претстави новите уреди на медиумскиот настан, закажан за 20 февруари во Сан Франциско.
Извор: Klix.ba