Со презентации и доделување награди, признанија и благодарници денеска во  кафе бар „Концепт 37“ во Скопје ќе биде одбележан 18. роденден на Википедија.

Најавени се презентации  на темите „Основите на Википедија“ и  „Достигнувања, бројки и факти за Википедија на македонски јазик – минато, сегашност, иднина“. Ќе бидат доделени награди за победниците на фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната 2018“ и  на уредувачкиот натпревар на Википедија на македонски јазик на тема „Острови“. Признанија и благодарници ќе добијат членови на заедницата и доброволци кои оствариле значаен придонес и помогнаале за проширување и подобрување на проекти кои се спроведуваат на Википедија.

Слободната интернет енциклопедија Википедија е основана на 15 јануари 2001 година.  Преку неа слободно се споделува и пристапува до најразновидни содржини на знаење, податоци и информации на повеќе од 280 јазици. Дел од содржините  од август 2003 година е и Википедија на македонски јазик, која пак минатата година ја заврши со 98.000 статии.