Според најновата фотографија која се појави, а ја објави SlashLeaks, претстојниот OnePlus 7 ќе го исфрли засекот во екранот. Телефонот ќе ги задржи тесите рамки, а ова би можел да го оствари со имплементирање на дизајн со слајдер, слично на она што го донесува Oppo Find X.
На фотографијата, која не го открива скриениот слајдер механизам, видливо е дека нема засек во екранот, што сугерира дека слајдерот навистина би можел да биде имплементиран. Исто така, се очекува дека One Plus 7 ќе пристигне со безжично полнење и Snapdragon 855 чипсет.
Необјавениот телефон на фотографијата е прикажан покрај OnePlus 6T моделот. Многу е тешко да се одреди колку ќе бидат тенки рамките, поради тоа што смартфонот е сместен во заштитно куќиште. Меѓутоа, Android Police сугерира дека слајдер механизмот би можел да содржи камера и пратечките сензори.
Засега, информациите за карактеристиките на OnePlus 7 треба да се земат со резерва, а сигурно ќе имаме повеќе детали во следните месеци.