Internet Movie Database (IMDb), интернет страницата многу добро позната на љубителите на филмските услуги, одлучи да покрене сопствен сервис за стриминг на видео содржини.
За разлика од поголем број попознати сервиси кои ја наплатуваат услугата на стриминг, сервисот под името Freedive, кој ќе го покрене IMDb ќе биде бесплатен. Самиот сервис ќе се финансира преку реклами кои ќе се прикажуваат пред и за време на стриминг на некоја избрана видео содржина.
Freedive засега е достапен само на корисниците во САД, а веќе нуди некои ТВ серии како што се Heroes и The Bachelor, како и филмови како што се Мементо, Чудовиште и Илузионист. Корисниците во САД можат содржините од Freedive да ги следат преку своите компјутери и сите Amazon Fire TV уреди кои се достапни на пазарот.
Самиот сервис, како и интернет страницата IMDb се во сопственост на Amazon уште од 1999. година, па Freedive услугата може да се смета комплементарна на вечќе постоечката Amazon Prime Video услуга.