Германската агенција за заштита на конкуренцијата планира да достави забрана до компанијата Facebook за собирање на податоци за корисниците.
Оваа агенција која го истражува дејствувањето на Facebook уште од 2015 година, веќе открила дека оваа водечка социјална мрежа ја злоупотребувала доминацијата на пазарот за да собира податоци за луѓе без нивно знаење или согласност, пренесува „Ројтерс“.