Зависноста од социјалните мрежи е слична како зависноста од дрога

„Верувам дека социјалните мрежи имаат неверојатни предности за поединците. Но, постои и темна страна”, вели водачот на истражувањето

Едно ново истражување спроведено од истражувачите од Државниот универзитет во Мичиген, прво од ваков вид, покажува дека социјалните медиуми влијаат врз донесувањето одлуки на сличен начин како што влијае дрогата или коцкањето.

Резултатите од истражувањето можат да помогнат со покажување како може да наштети прекумерната употреба на социјалните медиуми.

– Околу една третина од луѓето на планетава користат социјални медиуми, а некои од овие луѓе покажуваат прекумерна употреба на овие веб-страници. Се надеваме дека со нашите наоди ќе го мотивираме полето сериозно да се посвети на прекумерното користење на социјалните медиуми – вели Дар Меши, главниот автор на истражувањето.

За истражувањето научниците анкетирале 71 учесник за нивната зависност од „Фејсбук“, колку често ја посетувале страницата и како се чувствувале кога не можеле да ја користат. Исто така, учесниците разговарале за влијанието на „Фејсбук“ врз нивната работа и образование. Наредно, истражувачите побарале од учесниците да извршат психолошки експеримент што помага да се измери донесувањето одлуки.

– Донесувањето одлуки честопати е компромитирано кај лицата со нарушувања во користењето на супстанции. Но, никој претходно не погледнал во ова однесување бидејќи се однесува на прекумерно користење социјални мрежи, па затоа ја истражувавме можноста за паралела помеѓу прекумерното користење социјални мрежи и злоупотребата на супстанциите – вели Меши.

Истражувачите откриле силна врска помеѓу лошото донесување одлуки и прекумерната употреба на социјалните медиуми. Колку повеќе учесникот признавал дека користи „Фејсбук“, толку полошо го извршувал експериментот за мерење на донесување на одлуките.

Влијанието на социјалните мрежи врз одлучувањето за учесниците било слично со влијанието на опоидите и другите супстанции.