Xiaomi го испорача MIUI 10 на преку 20 телефони, но сега дојде време да почне да работи на нови проекти. Компанијата почна со развој на MIUI 11 корисничкиот интерфејс, за кој истакнува дека ќе биде нов и единствен оперативен систем во споредба со помалите и поголеми апдејти кои беа испорачувани во последните две години.
Компанијата го одржа Xiaomi MIUI Core Experience Annual Meeting, каде што Лиу Минг – шефот на одделението за планирање на производи одржа инспиративен говор и најави дека MIUI 11 е во подготовка.
Според фотографиите, кои беа прикажани во текот на презентацијата, MIUI 11 ќе биде уште побрз од MIUI 9 и AI-попаметен од актуелниот интерфејс. Постојат повеќе функции кои ја симулирааат човечката интерација и ќе овозможи полесно користење на уредите.
Не се споменуваат конкретни карактеристики за новиот софтвер на кој се работи.
Поврзани артикли