Компанијата MVRDV ги претстави дизајните за две кули во Тајпеј, Тајван, кои ќе бидат направени од купишта од несоодветни блокови завиткани во интерактивни екрани.

Taipei Twin Towers се облакодери со различна височина, 337 и 280 метри, дизјанирани од CHY Architecture Urban Landscape, кои треба да и дадат посебна ревитализација и на централната станица во главниот град.

Зградите ќе бидат конструирани како куп блокови, од кои на секоја ќе бидат поставени екрани кои ќе прикажуваат “главни културни спектакли, спортски настани и реклами”, со што ќе се создаде област како Тајмс Сквер.

„Кулите близначки во Тајпеј ќе ја претворат оваа област во центарот на градот токму онаква каква што Тајпеј заслужува, со својата живописна мешавина на активности“,велат архитектите.