Вселенскиот телескоп “Хабл” испрати на Земјата снимки, според кои астрономи и астрофизичари ја открија не само најголемата, сместена во близина на Млечниот Пат галаксија, туку го увидоа точниот број на ѕвезди во неа, пишува Лајф, а пренесува БТА.

Станува збор за спирална галаксија Месие 33. Само со површна анализа научниците успеале да утврдат дека во нејзината внатрешност има не помалку од 40 милијарди ѕвезди околу кои кружат планети.

Новата снимка е втора по своите размери и детални слики во историјата. Се состои од 54 индивидуални фотографии. Благодарение на тоа, научниците откриле дека растојанието помеѓу Млечниот Пат и Месие 33 изнесува 3 милиони светлосни години.

Месие 33 не е посебна галаксија, но е дел од галактички кластер кој содржи повеќе од 50 галаксии поврзани со гравитацијата. Меѓу нив е и Млечниот пат.