Google е на чекор да создаде можности за контролирање на паметните уреди со помош на гестикулација на рацете од далечина.
Американската компанија доби одобрување за продолжение на својот мал радарски проект од 2015 година под името проект Соли.
Google веќе со години работи на развојот на управување на уреди со помош на гестикулации, а сега настојува да развие прецизност на овие опции.
Наместо директно допирање на екранот, проектот Соли предложи движење на палецот и показалецот за да се контролира паметниот часовник и паметниот звучник.
Тоа значи дека би можеле да пуштете музика на паметниот звучник или да го поместите часовникот така што само ќе ја пружите раката. Малите радари во внатрешноста на уредот би почувствувале движење на рацете.
Првично проектот Соли не беше успешен, бидејќи радарите во внатрешноста на уредите не ја детектирале прецизно гестикулацијата на раката, што значи дека корисниците биле ограничени на само неколку движења. Google овие проблеми им ги препиша на ниското ниво на сила на паметниот уред.
Покрај тоа што со овој напредок особено задоволни ќе бидат љубителите на технологијата, можноста за контролирање на уредот со гестикулација ќе им помогне на корисниците кои имаат слабо придвижување или тактични оштетувања.
Сè уште не е познато кои видови на уреди ќе бидат достапни со новата функција на Google.
Поврзани артикли