Познат производител на компјутери ја прошири својата линија на Chrome OS уреди, со четири нови уреди – еден таблет и три лаптопи. Најинтересен е секако таблетот, бидејќи тоа е прв уред од тој тип од Asus, кој го покренува Chrome OS. Таблетот ја носи ознаката C100 и првенствено е наменет за помали деца, бидејќи поседува дебело, гумено засилено куќиште. Дијагоналата на екранот засилен со калено стакло е 9.7 инчи со QXGA резолуција. Го покренува Hexa-core OP1 процесор креиран за Chromebook компјутери, заедно со 4 GB RAM и 32 GB простор за податоци.