Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, пренесе германскиот дневник Bild, нагласувајќи дека се работи за досега најголем хакерски напад во досегашната историја на Германија.
Веќе илјада податоци се делумно лични информации објавени преку интернет, а засега не се познати кои се хакерите. Само се знае дека бил прекинат во октомври, а не се знае кога почнал.
Со нападот погодени се политичри од речиси сите политички партии, со исклучок на десничарската AFD, чии податоци засега не се објавени.
Меѓу жртвите на нападот е и претседателот на Германијас, Франк Валтер Штајнмајер, но и познати уметници и новинари, пред се јавните сервиси ARD и ZDF. Само во ARD се погодени 33 новинари.
Сојузната служба за заштита на уставноста, од синоќа почна истрага за овој случај и разменува информации со странски разузнавачки служби, за да се влезе во трага на потеклото на хакерскиот напад.
Германските медиуми шпекулираат дека зад нападите би можеле да стојат земји како Кина и Русија, бидејќи Москва наводно со години спроведува масивни хакерски напади во Германија, а не може да се исклучи ни соработката со германските десничарски екстремистички групации.
Првичната истрага покажала дека хакерите најверојатно упаднале во компјутерите преку програмата за пишување мејлови – Outlook.
Поврзани артикли