Во периодот од јануари до октомври, корисниците добиле 17,7 милијарди спам‑повици.
Спам‑повиците пораснале за 300 отсто во светот во тековната година, според студијата на „Труколер“ , цитирана од The Verge.
Сепак, се забележува пад во некои земји, вклучувајќи ги и САД. Земјата падна на осмото место на листата од минатата година. Корисниците на „Труколер“ добивале во просек од 17 повици месечно, во споредба со 21 во 2017 година. Најголем дел од повиците се поврзани со осигурувања или наплата на долгови.
Властите и понатаму се обидуваат да ги ограничат ваквите нелегални повици. Сепак, проблемот продолжува да ескалира во други региони. Во 2018 година, Бразил беше најзасегнат од овој тип повици. Таму се забележани над 37 несакани повици месечно. Ова главно се должи на повиците од телекомуникациските оператори и оние поврзани со изборите. Индија, која беше прва во 2017 година, падна на второто место.
За периодот јануари – октомври, корисниците добиле 17,7 милијарди спам‑повици. Се разбира, треба да се има на ум дека студијата била спроведена само кај претплатниците на „Труколер“ .