Осмата по ред бета верзија на iOS 11 за програмерите беше објавена ноќеска, и стана достапна за преземање неколку часа подоцна, па поради тоа сите кои сакаат можат да ја преземат

iOS 11 содржи многу нови функции, вклучувајќи го новиот FIle Manager, системот Drag & Drop, интерфејс што овозможува мултитаскинг, прилагодлив Control Center и Dock за iPad. Веќе пишувавме за тоа зошто е паметно да се причека со преоѓање на iOS 11. Кога беше објавена првата јавна бета верзија, објаснивме како можете да го инсталирате новиот iOS додека се уште е во развојна фаза, но и како можете да ја поништите оваа постапка и да се вратите на претходно инсталираната верзија.

Иако оваа надградба не содржи некакви очигледни промени како претходните ажурирања, многу ретко можете да наидете на било каков сериозен проблем. Овој пакет веројатно содржеше само неколку поправени грешки, од кои поголемиот дел од нив се веќе исправени, а Џони Ајв ни овој пат не се плеткаше околу дизајнот на иконите. Некои од функциите кои претходно не работеа почнаа да работат во осмата верзија на iOS 11, да погледнеме што се промени:

  • 3D допирот на податковните точки како телефонските броеви или линкови сега соверливо работи на сите уреди.
  • Во App Store се појави нов формат за огласи: огласите се појавуваат на врвот на страницата на секој резултат на пребарувањето.
  • Drag & Drop сега работи, а употребата со текстот е прилично едноставна.
  • Спарувањето на уредите со W1 чип во текот на видеозапис повеќе не го паузира видеото во позадина кога ќе се појави скокачкиот прозорец.
  • Во контролниот центар, хиперлинкот за Home иконата е поправен и сега всушност можете да дојдете до Home апликацијата ако ја допрете.
  • Sharing Hotspot функцијата сега исто така работи, со која можете лесно да делите познати мрежи со другите околу вас. Веќе имавме текст за тоа.