Во текот на изминатата 2018 година, просечниот граѓанин поминал на својот смартфон и таблет дури 36 дена.
Резултатите од истражувањето на eMarketer се однесуваат на жителите на САД, но овие статистички податоци може лесно да се пресликаат на Европа, па и на погоелмиот дел од остатокот од светот.
Просечен жител на САД дневно поминува вкупно 2 часа и 23 минути со смартфонот во раце. Ако на тоа се додадат таблетите и други уреди, тогаш добиваме резултат од 3 часа и 35 минути дневно, односно 36,4 часа годишно.
Земајќи предвид дека ова е само просек, поединци чија работа зависи од смартфонот или се врзани со него, сигурно акумулирале многу повеќе саати пред екран, објави Android Authoroty.
Ако овие бројки ве плашат, спасот – иронично – се наоѓа меѓу многу бројните апликации што го следат вашето работење на смартфонот и ќе ве предупредат ако претерувате.
Исто така, многу познати апликации како YouTube имаат опција да ве предупредат кога прекумерно ги користите. Овие нагодувања може да ги наместите сами.
Извор: Klix.ba