На интернет овие денови се појави бизарен предизвик Bird Box Challeng поради кој луѓето од целиот свет ги ризикуваат животите.
Предизвикот беше создаден според новиот хорор на „Нетфликс“ – „Bird Box”. Актерката Сандра Булок (54) во филмот отелотворува мајка која со момчето и девојчето се бори со тешкотиите на животот во постапокалиптичен свет. Таа и децата се принудени да одат на пат со превез на очите за да не ја видат паранормалната „појава“ поради која сите што ќе ја видат се убиваат.
Филмот постигна огромен успех, но, исто така, поттикна предизвик во кој луѓето со врзани очи се обидуваат да извршат опасни задачи.
На крајот мораше да реагира и „Нетфликс“.
„Не ни се верува дека треба да ви го кажеме ова, но немојте да се повредите во склоп на предизвикот „Bird Box”. Ние не знаеме како почна, и ние сме среќни што ви се допаѓа филмот, но момчето и девојчето од филмот да имаат само една желба за 2019 година, а таа е да не завршите во болница“, порачаа тие. Ова предизвика “лавина” од коментари.
„Мора да ви биде јасно дека луѓето што го снимаат овој предизвик не го гледаат ова предупредување, бидејќи имаат превезн на очите “, пишува еден корисник.
Други, пак, се пошегуваа дека тоа сигурно не го пишува „Нетфликс“, туку „тие од филмот што на луѓето се обидуваат да им го тргнат превезот од очите“.
Поврзани артикли